Хормонската терапија за рак на простата има за цел да го намали нивото на машки полови хормони андрогени или да го намали нивниот стимулаторски ефект врз клетките на ракот на простата. Таа се нарекува и андрогена депривација или андрогена супресија.

Андрогените го стимулираат растот на клетките на ракот на простата. Главните андрогени во телото се тестостерон и дихидротестостерон. Тие главно се произведуваат во тестисите – 90-95% и мали количини на надбубрежните жлезди.

Намалувањето на андрогените нивоа или блокирањето на нивните ефекти врз клетките на рак на простата доведува до забавување на растот на клетките на ракот.

Применета:

  • Кога болеста е во напредна фаза и не може да се лекува со хирургија или со радиотерапија.
  • За време на радиотерапијата.
  • Пред операција.
  • АДТ е најпосакувана како почетен третман на метастатски рак на простата.
Tags:
No Comments

Post A Comment

Pin It on Pinterest

Shares
Share This